Вонбрачните синови во борба за наследството: Тозовац не оставил тестамент – сопругата останува без станови и куќа – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/21 12:33 PM

Вонбрачните синови во борба за наследството: Тозовац не оставил тестамент – сопругата останува без станови и куќа

Не долго после погребот на легендарниот пејач на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац, објавено е дека неговите вонбрачни синови „водат војна“ околу имотот кој го остави.

Иако првенствено беше објавено дека Тозовац оставил тестамент во кој ја именува сопругата Мима како единствен наследник, неименуван извор тврди дека не е точно, како и дека синовите тргнале во војна за два стана, куќа во Вождовац и пари на сметките.

Првиот кој покренал расправа е неговиот вонбрачен син Светозар, кој ангажирал адвокати за да го добие она што му следува со закон. По ист пат наскоро ќе тргне и другиот наследник на Тозовац од Америка.

-Сопругата Мима, со која се венчал за време на пандемијата после 40 години заеднички живот, останала запрепастена кога слушнала. Таа се надевала дека неа ќе и припадне целиот имот, но и работите изгледа не одат по тој тек. Сознанијата говорат дека неговите синови се уклучени во оставинскиот процес и дека одлуката за поделбата ќе падне на судот. А има и што да се дели. Се работи за семејната куќа во престолнината, два станови, исто така во Белград и парри на сметки, рекол неименуваниот извор.

Извор: Мондо.рс

Преведено: М.П.Насковска