Предвидувањата се лоши за Меган Маркл и принцот Хари, доколку се оствари она што се зборува со месеци. Кралската биографка Ејџела Левин открила дека принцот Чарлс ќе воведе некои промени за да заштеди пари за монархијата, а се тоа значи дека Меган и Хари веќе нема да имаат приходи од таа каса.
Како што открила Левин, таа одлука идниот британски крал би можела да влијае на животот на војводата и војводката од Сасекс, кои моментално со синот Арчи живеат во Калифорнија, во вила вредна 11 милиони фунти. Тоа на кратко би значело дека Меган и Хари повеќе не би имале никакви приходи од кралското семејство, туку за се ќе треба да се погрижат сами.
Се наведува дека прашање на време е кога принцот Чарлс и принцот Вилијам ќе седнат и расшправаат за сите детали и иднината на монархијата, вклучувајќи и дел кој се однесува на членовите во кралското семејство, а се после смртта на принцот Филип.
Доколку се договорат за намалување, меѓу членовите би спаѓале и Чарлс и Камила, Вилијам и Кејт и нивните деца – принцевите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Сите останати би можеле да останат без својата титула, но и покровителството, па дури и многу веројатно би требало да најдат платена работа за да се издржуваат.
Извор: Стил.курир.рс
Преведено: М.П.Насковска