Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на 6. Април доживеала понижување бидејќи намерно била оставена без стол за време на состанокот со турскиот лидер Ердоган, прв пат јавно пред европските парламентарци зборувала за аферата наречена „софагејт“.
Според нејзините зборови, понижувањето, иако е висока претставничка на ЕК, го доживеала само затоа што е жена.
-Не гледам никакви оправдувања за тоа како сум третирана. Тоа се случи само затоа што сум жена, изјавила Фон дер Лајен за време на расправата која се водела во Европскиот парламент и за време на која, врзано за односите на ЕУ и Турција, доминирало прашањето за аферата наречена „софагејт“.
За време на посетата на Урсула во Анкара на 6.април, нејзиниот колега Мишел седнал на столот веднаш пред Ердоган, додека таа морала да биде сместена на најблискиот кауч од страна, каде што најчесто седат преведувачите. Притоа, наспроти неа се наоѓал турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по ранг значајно пониско од Фон дер Лајен. Така изгледало како шефицата на ЕК да е министерка на Мишел, а работата да биде уште полоша, таа и Чавушоглу не биле ни во кадар на камерите и фоторепортерите, при што ниту Мишел не реагирал, па и сам се најде на удар на јавноста.
-Дали тоа ќе се случеше ако бев во одело и вратоврска?, прашала фон дер Лајен за време на излагањето, и додала:
-Се чувствував жалосно, повредено, осамено, како жена и како Европјанка. Тука не се работи за протоколарен распоред на седењето, овде се работи за самото тоа што сме, вредностите кои Урсула ги застапува. Тоа покажува и колку сме уште далеку од тоа жените да бидат третирани рамноправно, секогаш и секаде, порачала таа и потсетила дека таа е првата жена претседателка на Европската комисија.
-Очекував така да бидам третирана за време на посетата на Турција, како претседателка на Комисијата, ама не бев, истакнала таа и ја критикувала Турција поради напуштањето на Истанбулската конвенција, обврзувачки договор на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и децата.
По повод „софагејт“ се огласил и Мишел, кој изразил жалење ппоради инцидентот, велејќи дека разбира поради тоа многу жени ќе се почуствуваат повредени.
-Тоа веќе никогаш нема да се повтори, ветил Мишел.
Извор: Република.рс
Преведено: М.П.Насковска