Што ќе се случи кога Принцот Чарлс ќе стане крал? Тронот го чека 72 години – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/21 7:28 AM

Што ќе се случи кога Принцот Чарлс ќе стане крал? Тронот го чека 72 години

Принцот Чарлс чека на тронот 72 години и е рекордер по стажот како принц од Велс.

Најстариот син на кралицата Елизабета и нејзиниот покоен сопруг Филип ќе стане крал на денот кога неговата мајка Елизабета ќе умре и, ако не земе друго име, тој ќе стане крал Чарлс Трети. Експертите за кралското семејство веќе започнаа да шпекулираат што ќе се случи кога Чарлс ќе седне на британскиот трон.

Принцот Чарлс ќе ги исфрли принцот Хари и Меган Маркл од кралското семејство кога тој ќе стане крал, предвидува кралскиот експерт Ангела Левин. Таа верува дека Чарлс значително ќе ја намали „компанијата“ кога ќе застане на чело.

Ова значи дека членовите на кралското семејство ќе бидат само наследници на круната, односно идни кралеви или кралици, а остатокот од семејството нема да може да добива пари од буџетот. Ако тоа се постигне, кралското семејство како институција ќе се состои само од кралот, престолонаследникот и децата на престолонаследникот.

„Принцот Чарлс долго време сакаше да ја намали монархијата за да заштеди трошоци и да ги направи луѓето вредни за парите што ги добиваат од даночните обврзници“, вели Левин.

Извор: index.hr