Првиот човек на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, доби нов четиригодишен мандат. На конгресот на ЕХФ одржан во Виена, 65-годишниот Видерер е повторно ибран за претседател, а доверба доби и неговиот досегашен помошник, Предраг Бошковиќ, додека натпреварувачката комисија ќе ја предводи Божидар Ѓуркови, како и во претходниот мандат.
Новите имиња во врвот на ЕХФ се и Унгарката, Габриела Хорват, која ќе биде задолжена за развој на ракометот на песок и Португалецот, Педри Секира, задолжен за комисијата за методологија.
Видерер првиот мандат го доби пред пет години. Тој е четвртиот претседател на ЕХФ, после Стефан Ломквист, Тор Лиан и Жан Брио.
Извор:
balkan-handball.com
Фото:
eurohandball.com