(Видео) Се тепаа со што ќе им дојде до рака – Македонци и Хрвати направиле хаос пред стадион во Сиднеј – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/21 7:51 PM

(Видео) Се тепаа со што ќе им дојде до рака – Македонци и Хрвати направиле хаос пред стадион во Сиднеј

Спортскиот центар „Илинден“ во Рокдејл, крај Сиднеј  е клуб на Македонци кои живеат во Австралија, додека „Сиднеј Јунајтед 58“ е основан од Хрвати.

Натпреварот заврши мирно 0: 0, но тоа не може да се каже за настаните околу стадионот. Навивачите се тепаа меѓу себе и гаѓаа со се што ќе им дојде при рака. Летаа сандуци, шишиња, факели, тули, а биле користени и метални шипки. Уапсени се десет хулигани а троица мажи биле пренесени во болница со полесни повреди.

„Постар полицаец ја опиша тепачката на фудбалски натпревар на југот на Сиднеј како „срамна“, а инволвираните како „морони“, информира австралискиот портал amp.abc.net.au.

 

 

Фото и видео: https://amp.abc.net.au