Дваесет и еден мигрант се пронајдени при проверка на возило со скопски регистарски ознаки на автопатот А1, делница Градско – наплатна рампа „Отовица”, кое го управувало албански државјанин.
Како што соопшти МВР, настанот се случил пред место викано „Дервенски мост”, утрово, околу 10.30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија.
-Возачот се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија, наведуваат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА