Салонот за автомобили „Бремли Мотор Кар“ недалеку од Гилфорд продава извонредно зачувано зелено „барнато бентли мулсан“ со мала километража чија сопственичка била англискат кралица Елизабета, пишува Дејли Мејл.
Луксузниот автомобил е повлечен од кралскиот возен парк во 2015 година и поминал само нешто повеќе од 4.000 километри. Фактот што во ова „бентли“ се возела кралицата му ја покачува цената и овој автомобил може да достигне и износ од 200.000 фунти.
Директорот на маркетинг на салоно Бремли, Џек Морган-Џејмс за Дејли Мејл рекол дека му се „посреќило затоа што досега во продажба имале неколку кралски автомобили“.
– Минатата година го продадовме „ренџ роверот„ во кој принцот Филип го возел американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Британија.
Бентлито на кралицата е единствено, но во основа не се разликува од останатите слични автомобили освен што го возело нејзиното кралско височество.
Кралицата во склоп на актуелниот возен парк на Бакингамската палата наводно поседувала три „ролс-ројс“, три „дајмлер“ и две „бентли“.
Автомобилот кој всушност се нуди на продажба кралицата го користела за превоз низ Лондон помеѓу 2013 и 2015 година. Тој е единствен затоа што е долг пет и пол метри, што е за метар повеќе од стандардното „бентли„ од овој тип и никогаш немал регистарски таблички.
Bentley formerly used by THE QUEEN goes on sale at Surrey car dealership for £179,000 https://t.co/cxxGTeUGF8
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2021
Извор: 24sata.hr
Фото: Daily Mail, Twitter, roadniche.com