Денеска под мостот кај МАНУ, граѓаните кои ја користат велосипедската патека покрај кеј беа спречени и исплашени истата да ја поминат од кабел, за кој не е познато дали е електричен или пак птт. Граѓаните најчесто мајки со колички, и деца со велослипеди и рекреативци исплашени поминуваат покрај кабелот. Засега на терен нема екипи кои би можеле да го санираат овој проблем.
Фотограф: В.Тануровски
Г.Д