Во Србија стигнаа уште половина милион дози од вакцината на Синофарм – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/21 11:26 AM

Во Србија стигнаа уште половина милион дози од вакцината на Синофарм

Нов контигент од половина милиони дози од вакцината на кинескиот производител Синофарм пристигна денеска во Србија. Авионот со вакцините слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белграф, а го печекаа премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорката на Кина во Србија, Чен Бо.

Со денешната исопрака, во Србија од Кина досега стигнаа вкупно три милиони дози од вакцината на Синофарм. На почетокот на месецов во Србија пристигнаа 500 илјади дози од оваа вакцина, а истата количина беше испорачана и во март.

Првиот контигент од милион дози од вакцината на Синофарм стигна во Србија на 15 јануари, па потоа во февруари уште половина милион.

 

Извор: rtv.rs