Гламурозното доделување на Оскарите и оваа година ни пружи кратко уживање надвор од пандемијата. Додека некои воодушевија со изборот на своитте тоалети, други сепак некои не се прославија на црвениот тепих.
Доделувањето на Оскарите 2021. година протече во знакот а ковид мерките и големата инклузивност на уметниците од различно потекло – но сепак не беше спектакл на каков што сме навикнати.
Модата, секако беше спектакуларна – најголемиот тренд на доделувањето на Оскарите не врати во 90-тите, додека апсолутниците победници на вечерта Френсис Мекдорманд и Клои Жао, испратија силна порака појавувајќи се без шминка на цврениот тепих.
Постојат и ѕвезди кои модните криичари не ги пофалија премногу. За жал велгоа на листата на најлошо облечени на оваа церемонија.
Андра Деј
Деј е номинирана за најдобра актерка, но нејзиниот стајлинг не бил толку успешен. Фустанот со секси резови повеќе одговара за во клуб на плажа отколку на елегантен црвен тепих. Фустанот е потпишан од Вера Ванг.
Глен Клос
Легендарната актерка има блескава кариера позади себе, но нејзината „Armani Prive“ туника премногу потсетува на нешто што би го носела стара тетка на свадба. Едноставно, не изгледа добро, а посебно не преку пантолони – и со ракави.
Лаура Дрен
Нејзината „Oscar de la Renta“ фустан е исмејуван на социјалните мрежи. Додека едни пишуваат дека изгледала како да носи некакво животно, други го споредуваат со „лебед фустан“ кој го носела ексцентричната Бјорк.
Селест Вејт
Пејачката избрала фустан, чиј крој и комбинација не изгледале добро, како ни чантата во облик на човечко срце. Овој фустан е дело на модната куќа Гучи.
Квестлов
Уште еден музичар направи храбар моден избор кој не се исплатеше. Мнгу е тешко да се стилизираат „крокс“, а посебно ако се и во златна боја, станува уште потешко. Не е ни чудно што многумина велат дека се најгрдите чевли на светот. Музичарот можеби сакал да шокира со изборот на оваа чудна облека со елегантно одело – којзнае.
Извор: Нова.рс
Преведено: М.П.Насковска