Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираа за МИА од Комисијата.
Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.
МИА