Здравствениот систем во Индија пропадна – еден кревет го делат повеќе луѓе во болниците, недостаток на целокупна медицинска опрема, масовно уништување на шумите, гробишта полни, ваква е моменталната слика од Индија среде пандемија, каде бројот на новозаразени од Ковид 19 е зголмемен.
Поради огромниот број на починати пациенти со ковид во Њу Делхи, властите наредија сечење дрвја во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовни крематориуми.
Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбулантни возила чекаат на ред за да ги пренесат починатите во крематориумот, а на гробиштата нема слободни места за погреб.
Индија бележи рекордни бројки по бројот на заразени и мртви во светот и е втора во светот по вкупниот број на заразени.
Вирусот се шири со рекордна стапка во Индија, болниците, кои останале без резерви на кислород ги молат добавувачи за помош, а ужалените луѓе на улица жалат за своите најмили кои починале чекајќи да бидат примени во болниците .
Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и три пациенти, објави АП.
Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви на медицински кислород.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/