По подолго време (од јануари) не’ очекува продолжен викенд со неработни петок и понеделник. Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, соопшти Министерството за труд и социјална политика.