Славната водителка Опра Винфри проговори за интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари кое крена прашина во јавноста.
Во текот на промоцијата на својата книга „Што ти се случи тебе. Разговори за траумата, еластичноста и заздравувањето“, Опра прозборе и за разговорот со Хари и Меган.
Истакна оти не очекувала дека интервјуто ќе предизвика толкава фама во јавноста, но и дека долго се подготвувала за него.
– Ми беше важно сето тоа да му го покажам на светот, за сите да знаат, но не сакав некои работи да излезат пред стварното интервју и да бидат погрешно интерпретирани, вели Опра за магазинот „Пипл“.
Разговорот траел повеќе од три часа, а Опра на екипата која го снимала строго им забранила да откриваат детали пред емитувањето на интервјуто.
– Така пуштавме делови на ЦБС, но на таков начин ништо да не може да се разбере погрешно и да се искористи. Многу труд и енергија беше вложено во сето тоа, додава Опра.
Таа тврди дека неа и на Хари и Меган им било цел да ја споделат вистината со јавноста.
– Сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат искрени, вели Опра нескривајќи дека некои одговори ја изненадиле.
– Беше тоа моќен интервју бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто испадна толку добро бидејќи одговараа на тој начин. Најмногу ме изненадија изјавите за расизмот и кога парот изјави дека синот Арчи не добил титула и тоа што се грижеле за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди, се присетила Опра.
Извор. Нова рс