Поради сомнителна торба евакуирана железничката станица во Љубљана – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 9:38 AM

Поради сомнителна торба евакуирана железничката станица во Љубљана

Словенечката полиција утрово ги евакуираше присутните на главната железеничка станица во Љубљана и жителите на околните згради поради оставена сомнителна торба.

Торбата била забележана околу 7 часот утрово на железничката станица, по што полицијата го блокирала целиот реон.

На местото на настанот пристигнале и припадници на специјалните полициски единици, кои ја провериле торбата и констатирале дека во неа има само облека и дека таа не претставува никаква опасност.

 

Извор:МИА