(ВИДЕО) Ако може да зборуваме за наследство, зошто да не и за донирањето на органите, вели Д-р Маја Мојсова Мијовска – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/21 7:23 PM

(ВИДЕО) Ако може да зборуваме за наследство, зошто да не и за донирањето на органите, вели Д-р Маја Мојсова Мијовска

Националната координаторка за трансплатација, докторката Маја Мојсова Мијовска вели дека по двете успешни трансплантации на срце  во Македонија повторно се отворила темата за органодарителството која досега беше речиси табу.

– Ние повеќе зборуваме за тоа кој ќе го добие автомобилот, кој куќата, станот, земјата, а никогаш не сме проговориле на оваа тема. Со разговори за органодарителството и високиот чин на благородност и хуманост на донорството на органи ќе се започе со подигање на свеста во општетсвото. Откако сите најпрвин ќе се соочиме со себе  и своите најблиски, еве во моето семејство разговараме често  и сопругот и мојот 14 годишен син знаат и го одобруваат тоа што ја сум одлучена да ги донирам моите органи – вели Мојсова Мијовска

Според анестезиологот Мојсова Мијовска дури и во здравствениот систем тешко се пробива оваа тема, на медицинскиот факултет нема посебен предмет во кој ќе се зборува за принципите, концептот за граѓанските, моралните, социјалните, психолошките аспекти на органодарителството

Оваа тема треба најпрвин добро да се отвори, со дебата колку тоа и да изгледа страшно и болно, да се подигне свесноста за спасување на многу животи доколку еден човек се реши да ги донира органите во случај на мозочна смрт, па после да зборуваме за евентуалните промени на законот. Во Америка во возачката дозвола на секојј граѓанин пишува дали е донор. Кај нас сите се потенцијални донори доколку со нотарска изјава не се откажат од тоа и се разбира доколку семејјството не се спротивстави после смртта. Но со ист ваков закон Хрватска и Шпанија имаат поголем успех во трансплантацијата и донирањето органи од САД, Можеби во иднина е потребна некаква комбинација на двата концепти или пак со нотарска изјава и клаузула во законот дека семејството не може да ја попречи вољата на секој поединец..

– Улогата не верата и религијата секако е  многу важна и не треба да биде пречка. Во Хрвстака Католичката црква извршила големо влијание со подршка на органодарителството, а еве и во една теократска држава, како Иран процентот на тарнсплантации е меѓу највисоките во свет. Таму по смрта на секој човек телото и органите се сопственост на државата – вели Маја Мојсова Мијовска.

Според националната координаторка за трансплантација во светот постои трговија со органи, но поголем дел од тие информации се на ниво на теории на заговор.

– За да се извадат органи  од кадавер, починати пациенти потребни се болнички услови, специјализиран кадар, посебни хемиски состојки и апарати, така да тоа е невозможно во Македонија. Како што е невозможна  протекција или купување на редот во листите за чекање  за трансплантација каде што се пресудни медицинските критериуми на компатибилност и подготвеност на пациентите – рече Мојсова Мијовска во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Таа очекува во наредниот период многу скоро Македонските хирурзи да  извршат трансплантација на црн дроб и на бели дробови.