Доделувањето на Оскарите ќе биде одржано во недела навечер на свеченост која ќе биде одраз на филмската индустрија, која мораше да се трансформира поради пандемијата и е присилена да експериментира со нови патишта и формати за да допре до публиката, пишува „АПФ“.
Доделувањето на холивудските награди беше одложено за два месеци, а ќе се одржи на најголемиот дел на железничката станица во Лос Анџелес, Јунион Стејшн, поради својата големина и можноста да се одржува физичка дистанца.
Поради коронавирусот, 93. доделување на Оскарите ќе се одвива на повеќе пунктови – доделувањето на почесните награди и музичките награди ќе биде во театарот во Холивуд и новиот музеј на Академијата на филмски уметности и науките, додека Европјаните кои не можат да дојдат во САД, ќе се соберат во центрите во Лондон и Париз.
Филмот „Земја на номади“ за старите Американци кои лутаат на запад во своите комбиња, камп приколки и камионети по глобалната финансиска криза ги освои главните награди на филмските фестивали минатата есен и доминира на овогодинешното продолжување и претежно виртуелната сезона на доделување награди.
Доколку некој филм би можел да им конкурира на „Земја на номади“, тоа би можело да биде „Судењето на чикашката седморка“, кој доби главна награда од здружението на актери.
Со тоа Нетфликс прв пат би ја добил најголемата награда на филмската индустрија, во година кога кината се заменија со интернет стриминзи.
Оскар се доделува за 24 категории, меѓу кои и за најдобар филм, режија, главен актер и актерка, најдобра споредна машка и женска улога, најдобро оргинално сценарио, најдобро адаптирано сценарио, најдобар странски филм, документарен и анимиран филм, како и за најдобра музика и специјални ефекти.
Церемонијата годинава поради пандемијата ќе биде поскромна. Продуцентите најавуваат строго ограничени покани, така што ни некои од најмоќните луѓе во холивудскиот свет нема да се најдат на листата.
– Малкуте интервјуа што ќе бидат дадени за време на Оскарите ќе бидат на оддалеченост од два метри. Не знаеме дали ќе биде забавно, рекол Малкин.
Од друга страна пак, копродуцентот Стивен Содерберг, промената поради пандемијата ја опишува како прилика шоуто да биде „како никогаш до сега“
Церемонијата ќе има „естетика на филм, а не на телевизиско шоу“, вклучувајќи и снимки од публиката и формати на висока резолуција и широк екран.
На ѕвездите им било речено да се облечат свечено, а наводно ќе можат да ги тргнат маските кога камерите ќе бидат исклучени.
Меѓу познатите водители ќе бидат Харисон Форд и Бред Пит.
извор: Н1