(Видео) Азербејџански политичар ја испипа помладата соработничка: Скандал за време на видеоконференција – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/21 5:37 PM

(Видео) Азербејџански политичар ја испипа помладата соработничка: Скандал за време на видеоконференција

Долгогодишниот азербејџанскиот политичар Хусејнбал Мирелемов (75), се најде во фокусот на јавноста  откако за време на видео-состанок непримерно ја испипа неговата асистентка.

https://www.youtube.com/watch?v=yxX7sOxZ_jM&t=9s

Од она што може да се забележи на видеото, таа се наведнува да земе некои документи, а тој се врти кон неа и ја пипа по задникот. Жената се насмевнува, но кога забележува дека камерата е уклучена, веднаш се трга од кадарот.

Мирелемов најпрво изјавил дека снимката е лажна, односно дека се работи за монтажа, но потоа се премислил па порачал „дека само се шегува“ и дека не е луд да ја изневерува сопругата со нејзината пријателка, особено не пред камерата.

 

извор: ало.рс