Симптом кој не треба да го занемарите – кардиолог предупредува дека може да биде знак за сериозна болест – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/21 8:43 PM

Симптом кој не треба да го занемарите – кардиолог предупредува дека може да биде знак за сериозна болест

Секогаш високиот пулс може да укажува на проблеми со штитната жлезда, како и на анемија и развој на тахикардија, вели познатиот кардиолог д-р Селим Јусуф.

Кои вредности се сметаат за забрзан пулс?

Јусуф вели дека вредностите од 60 до 80 отчукувања во минута се сметаат за нормални за здрава личност во мирување. Но, ако пулсот е секогаш околу 100 отчукувања, тоа може да биде знак за развој на одредена болест.

-Најчеста причина за оваа појава е пореметување на работата на штитната жлезда, вели кардиологот и додава дека точната дијагноза не е можно да се постави без анализа на TSH хормоните во крвта (хормонот кој ја стимулира штитната жлезда).

-Друга можна причина е за забрзан пулс е непрестана анкциозност која човекот ја доживува. Тоа може да доведе до развој на тахикардија, предупредува лекарот.

Извор: Мондо.рс

Преведено: М.П.Насковска