Техника стара 50 години – Како да добиете природно црвена боја на јајцата без хемија – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/21 7:27 PM

Техника стара 50 години – Како да добиете природно црвена боја на јајцата без хемија

Црвената боја на јајцата го симболизира Исусовото страдање, затоа секоја домаќинка за Велигден мора да ги фарба јајцата во црвена боја.

Пред педесет и повеќе години, јајцата се фарбале со следниве техники:

1.Кромид

Пред Велигден соберете што повеќе кромид. Користете и виолетов. Ставете ги јајцата во тенџере, покријте ги со лушпи од кромид, додадете вода, две лажици сол, малку шеќер. Во водата можете да исечете и додадете сирово цвекло.

Варете ги и кога водата ќе се излади, извадете ги јајцата, а потоа премачкајте ги со масло.

2.Сок од вишни

Јајцата ставете ги во тенџере. Полијте ги со сок од вишни и додадете малку сол, малку оцет. Варете ги јајцата, а кога ќе се изладат, извадете ги и премачкајте ги со масло.

3.Мелен пипер

Четири лажици мелен пипер ставете во еден литар вода, со малку сол и оцет и сварете ги јајцата. Внимавајте да не користите лута пиперка, бидејќи лутината може да продре низ лушпата во самото јајце.

Извор: Стил.курир.рс/Фото:Shutterstock

Преведено:М.П.Насковска