Само со вакцинација можеме да му се вратиме на нормалното живеење, изјави министерот Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/21 2:00 PM

Само со вакцинација можеме да му се вратиме на нормалното живеење, изјави министерот Филипче

Само со вакцинација можеме да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе и пријателите, напиша на својот „Фејсбук“ профил министерот за здравство, Венко Филипче.

-Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите. Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk, апелираше Филипче.

Масовната вакцинација на населението во земјава започна на петти април годинава.