Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери.
Во досегашната истрага не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, а што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен.