Во 2013 година бевме петти во Европа по број на трансплантации, а деветти во свет. Во овие две години за жал имаме помал број на трансплантации, 2020 и 2021 времето на ковид, изјави во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Д-Р Сашо Дохчев уролог.
Во европскиот регион вели тој најблиски контакти имаме со хрватските колеги, втори по број на трансплантации во свет од кадаверична трансплантација.
За поголема свесност кај граѓаните Д-р Дохчев вели треба активно да се вклучат и докторите, и медиумите и невладините организации.
„Организацијата на кадаверичната трансплантација е во рацете на државата, тука треба активно да се вклучиме активно ние стручните лица, потоа медиумите со чести дебати, со чести коментари со нас и од вас новинарите, невладините организации. Посебно имаме голема поддршка од „Нефрон“ тие вршат голема кампања, секојдневна комуникација, секојдневно говорење за органодарителството, дека тоа е највисок чин на хуманост кој воопшто постои. Едноставно да ја бомбардираме јавноста“, изјави во „Стадион“, Д-р Сашо Дохчев.
За органодарителството, вели тој последниот збор го има фамилијата, ако фамилијата е хумана како што беше во последниот случај, органите ќе се земат, ништо насилно, се е на доброволна база.
Во однос на бенефитите тој истака дека сепокриваат погребалните трошоци за починатиот пациент, за осигурувањето дека е одобрено од „ливинг“ донор не се плаќа партиципација.
На прашањето дали е во ред да се објавуваат имињата за влијание на свеста на граѓаните, но тука е и етиката, на кој начин се регулира тоа, Д-р Дохчев вели тоа е оставено на семејството и на Министертсвото за здравство.
„Од аспект на чувствата на фамилиите можеби не е доволно примарно, меѓутоа пак од аспект на кампања која се води за органодарителството можеби е добро да се види дека не е тоа нешто страшно, дека е невозможно нешто. Тука се некои неодредени мислења дали треба јавно да се кажуваат луѓето, но сепак тоа е дел на Министерството за здравство, но и на семејството, дали јавно ќе бидат кажани или не“, вели Д-р Дохчев.
Тој вели кога има еден кадавер треба да се земат што повеќе органи, вели дека било штета што сите кадавери што дарувале органи досега од нив се земани само бубрези.
„Колегите одлично се вклопија од кардиохирургија им честитам дека направија две кадавенерични успешни трансплантации на срце, понатаму може да се земе црн дроб од абдоменална хирургија се одлични хирурзи, блиску се да започнат со кадаверична или евентуално трансплантација на црн дроб. За бели дробови е малку посложено, говорам посебно за Еуротрансплантација која е најголемата оранизација на земји кои учествуваат во трансплантациите во Европа, околу 14 до 15 на број. Ние тежнееме да бидеме дел од таа организација за да имаме поголема можност за размена на органи. И во одредени центри, сигурно се пет до шест центри во Европа каде што се прави трансплантација на бели дробови меѓу кои е и во последно време се направи во Хрватска. Малку е посложена таа трансплантација и затоа бара посложени услови“, вели Д-р Дохчев.
За екплантација може да се земат сите органи, панкреас, кожа, косики земаа колегите од ортопедија за прв пат и тоа направија, може бели од очите, рожница, може се да се земе, што може да се искористи . Не сме далеку од тоа да го постигнеме тоа во скоро време, но сепак треба да се исфорсираат тие тимови, вели Д-р Дохчев.
За ливинг донор трансплантација, се зема исклучиво од семејството со крвно поврзаното семејство или од фамилијарната поврзаност кои не се крвно поврзани, но да бидат од фамилија.
„Не чекаат многу парови за трансплантаија, зборам за дарителот и реципиентот, околу пет до шест се на листата за чекање. Ние почнавме оваа година, направивме веќе тест ливинг донор трансплантации и прекинавме по барањето на Министертсвото, бидејќи почнаа да се појавуваат пациенти болни од ковид, но ќе продолжиме после празниците. Има околу 80-на пациенти кои чекаат кадавер трансплантација, меѓутоа немаат жив дарител да им подари бубрег“, изјави Д-р Сашо Дохчев во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Г.Д