– Во населбата Мичурин почна изградба на комплетно нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“ во должина од 200 метри, за кои општина Аеродром ќе издвои над осум милиони денари.
– Станува збор за изградба на улицата „Новопроектирана 8“, која ќе добие и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа, исто така во должина од 200 метри. Улицата и паркиралиштето ќе бидат целосно осветлени, соопшти општина Аеродром.
Планирано е изведбата да заврши во рок од три месеци.
Извор:МИА