Повеќе од 130.000 жители на Шангај евакуирани поради тајфунот „Џондари“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 8:25 AM

Повеќе од 130.000 жители на Шангај евакуирани поради тајфунот „Џондари“

Повеќе од 130.000 жители на Шангај се евакуирани поради тајфунот „Џондари“, кој помина низ градот.

Тајфунот утрово го погоди кинескиот финансиски центар и се очекува постепено да ослабне додека се движи кон запад до делтата на реката  Јангце.

Засега нема извештаи за причинета материјална штета во Шангај. Околу 151 летови на двата градски аеродроми беа откажани, а 122 паркови на територијата на градот беа затворени.

Ова е 12-тиот тајфун оваа сезона.

 

Извор:МИА