Џеј Ло до сега добила пет веренички прстени – Најевтиниот е 100.000 долари, а од најскапиот ќе ви се заврти во глава! – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/21 9:51 AM

Џеј Ло до сега добила пет веренички прстени – Најевтиниот е 100.000 долари, а од најскапиот ќе ви се заврти во глава!

Пејачката неодамна призна дека ја раскина веридбата со петтиот вереник, Алекс Родригаз.

Последната раскината веридба Џенифер Лопез, пети пат по ред, не дојде како гром од ведро небо.

Латино дивата со својот сегашен избраник повеќе пати се расправала, се смирувала, а по последното раскинување на веридбата повторно успеала да најдат заеднички јазик.

Пред Алекс Родригаз планирала брак со уште четворица мажи, а секој вереник, логично, на Џенифер Лопез и купувал и венчален прстен како симбол на верност и ветување.

Славната водителка Венди Вилијамс на нејзиниот официјален Твитер објавила фотографии од вереничките прстени на Џенифер Лопез со прашање кој веренички прстен на Џенифер Лопез Ви е омилен?

Освен вереничките прстени, ви го преставуваме и списокот на вереници на Џенифер Лопез.

1. Оџани Нои (1997-1998), прстен: 100.000 долари.

2. Крис Џад (2001-2003), прстен: милион долари

3. Бен Афлек (2002-2004), прстен: 2,5 милиони долари

4. Марк Ентони (2004 -2014), прстен: 4 милиони долари

5.Алекс Родригаз (2017-2021), прстен: 1,8 милиони долари

 

Извор :  Телеграф.рс

Фото: Инстаграм