Натпреварот помеѓу Шкотска и Србија и понатаму привлекува многу коментари.
Шкотска во рамки на баражот за Европско првенство ја исфрли Србија после подобро изведување на пенали. По тој повод се огласи и Алекс Фергусон.
-Кога Србија даде гол во последната секунда помислив „О, Боже, одиме на продолжетоци, немаме шанси. Но тогаш нашите играчи ја извадија ситуацијата и поминаа на ЕУРО“, рекол популарниот „Ферги“ и додал:
-Јас плачев кога видов дека истото го прави и Рајан. Беше фантастично. Зборуваме за голем погон за земјите, неверојатно. Кристи плачеше за Шкотска, за секој навивач на нашата земја. Се е тоа ехо на големата љубов кон Шкотска и фудбалот. Нереално.
Извор:Србијаданас.ком/Фото: Профимедиа
Преведено: М.П.Насковска