Скандал: Лекар им давал на пациентите физиолошки раствор наместо Фајзер вакцина – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 6:58 PM

Скандал: Лекар им давал на пациентите физиолошки раствор наместо Фајзер вакцина

Полицијата во Анкона, Италија го истражува случајот со лекарот кој на пациентите наместо вакцина Фајзер им давал обичен физиолошки раствор, пишува „Фан Пејџ“.

Според достапните информации лекарот на овој начин „имунизирал“ околу 30 пациенти, ама не е исклучено дека ги има повеќе.

Истрагата е покрената откако некои пациенти се посомневал во „вакцинацијата“ бидејќи лекарот избегавал да каже која е вакцината која ја добиваат, ниту им давал потврди за вакцинација.

Полицијата допрва треба да го утврди точниот број на измамени, како и мотивите за ова однесување, а според пишувањата, докторот се бранел дека така постапил бидејќи бил под притисок некои личности да ги вакцинира, иако немало доволно дози.

Лекарот располагал со одредена доза на вакцини, но засега не е јасно каде завршиле.

Извор: Б92.нет