Сестринството го напуштило манстирот Прохор Пчински – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 8:09 AM

Сестринството го напуштило манстирот Прохор Пчински

Материјализам, пари, педофилија, ерес и сатанизам кои се карактеристика на Владиката Пахомие  се срам за СПЦ, тврдат верници од Врање и бараат владиката да биде разрешен од должноста.

Според “Јужне вести”, тие ја обвинуваат државата за штитење на контроверзниот Пахомие, наводно, “за заштита на југот од Србија од Албанците”.

Врањската епархија ги негира сите обвинувања и ги заменува црковните одбори, кои се против Пахомие.

Случајот на епископот Пахомие, обвинет и ослободен за педофилија, доби ново продолжение. Сега веќе поранешниот претседател на Управниот одбор на црквата Клиновац, црква во близина на Врање, Стојан Стевановиќ изјави дека сестринството на манастирот Прохор Пчињски го напуштиле манастирот, бегајќи од тиранијата Пахомиј.

Тие велат дека исто така испратиле докази, писма и сведоштва до црковниот врв, но залудно.

Зошто, според нив, неправедно е штитен Пахомие, одговорот е во врската меѓу црквата и државата. Верниците влеат дека владата се откажала да интервенира во “аферата Пахомие” и го брани од “добро заслужениот затвор” под изговор да не се посрамоти црквата и дека Пахомие ја штити Јужна Србија  од Албанците.

Верниците ја повикаа Црквата “итно да расчисти со педофилите и да ги испрати во зафрлените  манастири да се исповедаат, да се покајат за своите гревови и срам и да се лечат”.

“Дали државните власти се занимаваа со тоа што направи Пахомие? Како само дивјачки се пустошат квалитетните шуми во Паља, Кацапун и Козјак поради материјална корист. Под кои околности се изгорени манастирите Свети Никола во Врање, Свети Прохор Пчињски и манастирот на Светиот пророк Илија во Кацапун, прашуваат верниците.

Врање епархија тврди дека верниците не ја кажува вистината и потврдува дека поднесе кривична пријава против претседателот на Црковниот одбор, Стевановиќ.

За обвиненијата против Пахомие за педофилија и сечата на шумата, велат дека тоа не е работа на Црквата, не е тоа работа ниту на црковниот одбор, ни по Уставот на црквата СПЦ треба да се занимава со тоа.