Ја омажиле на сила, а во домот на „зетот“ ја држеле затворена и ја обљубиле – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 3:13 PM

Ја омажиле на сила, а во домот на „зетот“ ја држеле затворена и ја обљубиле

Министерството за внатрешни работи ин формираше за драма во семејство во Гостивар, која нерсеќно завршила за девојка која би обљубена.

-На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.