Пронајден шпион во американската амбасада во Москва – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 8:04 AM

Пронајден шпион во американската амбасада во Москва

Американската контраразузнавачка служба открила дека осомничен руски шпион работел  во Амбасадата на САД во Москва повеќе од една деценија.

Шпионка е Русинка, која е вработена од една од  тајните служби на САД, се верува дека имала пристап до системите за Интернет и e-mail преку кои можела да дојде до доверливи материјали, вклучувајќи го и распоредот на претседател и заменик претседателот на САД Русинката, според лондонскиот весник  Гардијан, работела за тајната служба со години пред да стане осомничена во 2016 година за време на рутинска безбедносна проверка.

Тие откриле дека имала редовни и неовластени состаноци со членовите на главната руска разузнавачка агенција ФСБ.

Гардијан пишува дека според неговите информации, безбедносните служби алармирале за нејзината работа во јануари 2017 година, но тајната служба не спровела своја истрага. Наместо тоа, тие одлучиле тивко да ја отпуштат неколку месеци подоцна, најверојатно за да спречат непријатност што може да предизвика ова сознание.

Неименуваниот извор му рекол на Гардијан дека тајната служба се обидувала да го скрие шпионирањето, со тоа што ја отпуштила.

Американската тајна служба изјави дека ниту еден од странците кои се вработени во амбасадата во ниту еден момент не се во позиција да имаат пристап до информации поврзани со националната безбедност.

Тајната служба е американска федерална агенција која е дел од Министерството за внатрешна безбедност и има повеќе од 150 канцеларии низ целиот свет.

Откривањето на можните молови руската ФСБ меѓу своите вработени во Амбасадата на САД во Москва силно ќе го поткопа нивниот углед и може да има сериозни последици за безбедноста на другите вработени на тајната служба.