Премиерот Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини присуствуваа на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во селото Теново, општина Брвеница.
Додека зборуваше министерот Нуредини почна да пее оџата од блиската џамија, па во тој момент министерот престана да зборува и ја прекина прес конферецијата над две минути, поради гласниот повик за молитва. Сите сите присутни останаа да стојат.
Кај граѓаните од муслиманска вероисповед во тек се рамазанските пости.