Соња од Лондон тврди дека Ивица Дачиќ и е татко – Писмото пристигна во Собрание – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 10:49 AM

Соња од Лондон тврди дека Ивица Дачиќ и е татко – Писмото пристигна во Собрание

На мејлот во српското собрание пристигнала порака од извесна Соња од Лондон која твди дека Ивица Дачиќ и е татко.

Таа во писмото бара од Дачиќ да ја призна неа и нејзиниот брат како свои деца, но и да им плаќа алиментација.

Ивица Дачиќ во утринската емисија не криел дека е затечен од писмото кое го доби од Лондон. Девојката која тврди дека токму тој и е татко на неа и на нејзиниот брат, и дека ги добил во првиот брак со нивната мајка од која, како што тврди девојката, никогаш не се ни развел.

– Почитувани господине Дачиќ, јас сум Соња. Ваша ќерка од првиот брак. Ве молам да признаете дека мојот брат и јас сме ваши деца или ќе ве судиме за гревот кои сте го нанеле на мене и на мојот брат лажејќи сите овие години. Мене не ме интересира со кого сте Вие сега и што правите, но сте одговорни да гледате и за мене и за мојот брат и јас барам да ни плаќате алиментација. Исто така отштета на мојата мајка која плачела 20 години бидејќи Вие сте ја оставиле и не сте уште разведени.

– Вие сте одговорни да не гледате нас и не можете да се откажете од нас, а ако таков закон постои да некој може да се откаже од сопствените деца и жена тогаш јас таквиот закон ќе го поништам влегувајќи во политички игри на цела комунистичка партија во светот. Толку засега. Побарајте ја мојата мајка и ивинете и се, ве моли Соња, вашата ќерка која ништо од ова не заслужила да и се случи.

 

Извор: Објектив.рс