„Еко-свест”: Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото продолжува „по старо” – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 10:19 AM

„Еко-свест”: Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото продолжува „по старо”

Глобалното затоплување, загадување на водите, почвите и воздухот, сечата на шуми и претерано искористување на природните ресурси доведоа до работ на уништување многу скапоцени екосистеми и видови, затоа оваа година темата на Денот на Планетата Земја е „Обновена нашата Планета” со цел да се подигне свеста дека ублажување и прилагодување кон климата не се единствени чекори кои можеме да ги преземеме- потребни се иновации во насока на зачувување и обнова на светските екосистеми, апелираат од здружението „Еко-свест”.

Како што велат од една страна планетата ни возвраќа со пандемијата поради несовесниот и несоодветниот однос на човештвото кон природата и ресурсите, а од друга, гледаме дека човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува „по старо”.

-Во периодите на воведените рестрикции за движење се забележија најголемите штети по природата, вели Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест”.

Од здружението потенциираат дека планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а нашите заштитени подрачја трпат сериозен притисок току за време на пандемијата.

– Тоа е всушност главната потреба во моментот- светот да ја научи лекцијата од пандемијата и да го промени својот однос кон Планетата. Луѓето треба да разберат дека се интегрален дел од природата, а не нејзин господар. Без екосистемските услуги што ги дава природата- чиста вода, воздух и храна, луѓето нема да преживеат, согласно, заштитата на овие ресурси е од највисок приоритет, посочува Лешоска.

Заклучуваат дека едукација на идните генерации е клучна.

-Идејата дека садење нови дрвја за сметка на уништување на екосистеми стари векови ќе ни помогне во борбата со глобалното затоплување е погрешна и се напушта на глобално ниво. Она што е потребно е полагање напори во зачувување на постојните заштитени  подрачја и обнова каде е најпотребно, стои во соопштението.

 

 

 

 

МИА