Славната холивудска актерка Шерон Стоун прозборе за тешкиот период низ кој поминала пред 13 години, кога го изгубила старателството над синот Роан.
Таа синот го доби во брак со американскиот новинар Фил Броштејн. Актерката открила дека со денови лежела и плачела.
– Откако го изгбив старателството на Роан, едноставно повеќе не можев да функционирам. Лежев по цел ден на каучот и бев уморна и секојдневно плачев, признала актерката.
Шерон открила дека не можела да функционира и да мисли на нешто друго, освен повторно да го прегрне својот син и да го врати назад.
Стоун својот син може да го гледа само еднаш месечно.
Извор и фото: Телеграф.рс