Чешката полиција приведе пет лица поради терористички активности – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 9:54 AM

Чешката полиција приведе пет лица поради терористички активности

Чешката полиција приведе пет лица под сомнение дека учествувале во терористички активности во Источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според канцеларијата на главниот обвинител во Прага, тие биле обвинети за борба за проруски групи.

Петтмина државјани биле членови на вооружена организација и биле поврзани со Главната управа за разузнавање на Русија (GRU), според локалните медиуми.

На 18 април, Чешка протера 18 руски дипломати за наводна поврзаност со експлозии во два магацини во 2014 година, што предизвика големи евакуации.

Едната експлозија се случила во складиште за муниција во селото Врбетице во областа Злин во Чешката Република, при што загинаа две лица, а втората експлозија во складиште во близина.

Како одговор на тој потег, Русија во неделата објави дека ќе протера 20 чешки дипломати.

Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, ја повика Русија да ја разгледа својата одлука, додавајќи дека во спротивно Чешката амбасада во Москва нема да може да ги продолжи своите активности.