Белата куќа нуди данoчни олеснувања за да ја поттикне вакцинацијата – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 8:41 AM

Белата куќа нуди данoчни олеснувања за да ја поттикне вакцинацијата

Претседателот на САД, Џозеф Бајден најави дека ќе воведе даночни олеснувања за компаниите кои на своите вработени им возможуваат да се вакцинираат против коронавирусот во работно време, а тие часови ќе им бидат платени – објави Гласот на Америка.

Ги повикувам сите работодавачи, мали и големи, во секоја држава, да обезбедат за своите вработени платено отсуство за да се вакцинираат – изјави претседателот. Даночните олеснувања ќе важат за компаниите со помалку од 500 вработени.

Бајден рече дека САД ја остваруваат целта на администрацијата во првите 100 дена да бидат дистрибуирани 200 милиони дози вакцини против коронавирусот.

Извор:     rs.n1info.com