Пет жртви на невреме на Корзика – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 7:55 AM

Пет жртви на невреме на Корзика

Пет лица загинаа во несреќа која се случила за време на пешачење во кањон на францускиот остров Корзика откако бура создала огромен бран кој ги поклопил жртвите, соопштија денеска локалните власти.

Инцидентот се случил во средата, а меѓу жртвите  е и едно седумгодишно девојче.

Иследникот Ерик Булард изјави дека на водичот кој исто така настрадал, други двајца водичи му советувале да не тргнува низ кањонот затоа што доаѓала бура.

Француските медиуми истакнаа дека оваа несреќа е една од најлошите која се случила за време на пешачење во кањон во Франција во последните неколку години.

Групата се движела низ кањонот Зоику кој се наоѓа во близина на градот Соча кога почнала бурата. Во тој момент пет групи во исто време тргнале низ кањонот, а групата која ја погодил бран имала 13 лица од кои многумина се вратиле на почетокот кога виделе дека невремето се влошува. Меѓу нив била и мајката на настраданото девојче кое со таткото продолжило да се движи низ кањотот.

Иследникот Булард информира дека од седумте лица кои продолжиле да се движат две се спасиле, и оти е покренета истрага за инцидентот.

 

Извор:МИА