Од продавачка до инфлуенсерка – Нетфликс снима реалити за девојката на Роналдо – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 9:56 PM

Од продавачка до инфлуенсерка – Нетфликс снима реалити за девојката на Роналдо

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, се појавува во реалното шоу кое Нетфликс го снима за нејзиниот живот.

Платформата истакнала дека идејата е да ја покаже нејзината емотивна страна, позади сите фотографии и големи наслови. Таа ќе зборува за сите аспекти од својот живот, од оние јавни и најпознати до најличните, наведува Нетфликс, објави „El Pais“.

Снимањето започнало пред неколку недели, но и понатаму не се знаат многу детали за проектот како ни кога ќе биде емитуван. Исто така, не е познато дали ќе се појави Роналдо, но веројатно е дека ќе зборува и за тоа и како го запознала во 2016 година додека работела како продавачка во продавницата на Гучи во Мадрид.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Моделот и инфлуенсрека која на Инстаграм има повеќе од 24 милиони следбеници, се пофалила за новиот проект.

Парот има 3-годишна ќерка, а покрај неа Роналдо има и 10-годишен син и близнаци кои ги родила сурогат мајка. Живеат во Торино, а Георгина стана локална ѕвезда со посетите на фестивали во Венеција и други случувања.

Родена е во Аргентина, градот од кој е нејзиниот татко, но и целото семејство се преселиле во Мурсија, од каде што е нејзината мајка. Првата работа која ја добила била келнерка, што ја искористила да заштеди пари и стигне до Мадрид, на 19 години. Таму се вработила како продавачка во Масимо Дути, но го напуштила после четири месеци за да замине во Англија да научи јазик.

По враќањето во Шпанија, се вработила во Гучи, а животот и почнал да и се менува кога го запознала Роналдо.

Извор: rs.n1info.com