Една чаша вино е штетна повеќе отколку што мислите, велат кардиолозите – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 9:10 PM

Една чаша вино е штетна повеќе отколку што мислите, велат кардиолозите

Сите знаеме дека претераното конзумирање на алкохол е лошо за здравјето, но што е со „рекреативното“ пиење на алкохол во мали количини?

Кардиолозите стравуваат дека премногу луѓе и понатаму веруваат во митот дека една мала чаша вино или пиво не штети, туку и е корисно за здравјето.

Секојдневното пиење на алкохол, дури и во мали количини го зголемува ризикот од развој на фибрилација на артериите, пореметување на срцевиот ритам, кој после екстрасистолија најчеста срцева аритмија.

Таа состојба кај пациентите предизвикува палпитација, чувство на недостаток на воздух, болки во градите, губење на свест, но може да биде и потполно асимтоматско, па проблемот да се открие случајно.

Според податоците на британската Национална здравствена служба тој проблем ги опфаќа седум отсто постари од 65 години. Иако таквото конзумирање на алкохол обично не е опасно по живот, може да предизвика разни проблеми, а се поврзува и со мозочен удар.

Дури и една чаша вино дневно остава последици на здравјето на срцето, утврдено е во големата студија на Центарот за срце при универзитетската болница „Hamburg-Eppendorf“, во рамки на која се опфатени податоци собрани на 100.000 лица пратени во текот на 14 години, кои порано не пателе од фибрилација на артериите.

Истражувањето покажало дека во тие 14 години кај повеќе од 5.800 испитаници прв пат се развил таков вид на срцева аритмија, а ризикот бил поголем колку било поголемо редовното конзумирање на алкохол.

Се покажало дека и една чаша пиво или вино дневно, го зголемува ризикот од развој на срцева аритија за 16 отсто во споредба со лицата кои не конзумирале алкохолни пијалаци. Кај лицата кои дневно конзумирале две чаши алкохолен пијалак ризикот пораснал за 28 отсто.

Првите симптоми на фибрилација на артериите се палпитација и забрзана работа на срцето. Така што на пациентите им се препорачува во потполност да избегнуваат алкохолни пијалаци.

Извор: rs.n1info.com