Никаде не оди без пакување од својата крв, не поднесува коцки мраз – чудни навики на кралицата Елизабета – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 6:12 PM

Никаде не оди без пакување од својата крв, не поднесува коцки мраз – чудни навики на кралицата Елизабета

Многумина од нас имаат различни навики кои другите ги сметаа за потполно необични, па таков случај е и со членовите на кралското семејство.

Кралицата Елизабета II која денес го прославува 95 роденден, секако не е исклучок, па нејзиното секојдневие е полно со чудни навики, пишува Glossy.

-Никогаш не патува без пакување од својата крв – тимот на лекари кои се задолжени за нејзиното здравје секогаш мораат да знаат кои се најблиски болници во градовите кои ги посетуваат, а во медицинската торба покрај другите инструменти мора да има и пакување со кралска крв во случај ако итно притреба трансфузија.

-Во палатата е забрането отворање на прозорци – секако не сите, туку оние кои се наоѓаат на предната страна на Бекингамската палата.

-Кралицата не поднесува коцки мраз – смета дека попријатни се оние кои прават топчиња мраз.

-Необичен предмет секогаш е во нејзината чанта – се разботи за дизајниран држач за торба кој потсетува на јадица, а на кој лесно моќе да се закачи торбата.

-Не сака да гледа брада и лептир вратоврска кај мажите

-Секоја нејзина комбинација на облека има реден број – бројот назначува во која прилика е носена комбинацијата.

-Никогаш не јаде супа, а ни компир

-Обожава малини, но никогаш не ги јаде во јавност – поради нивните бројни семки многу лесно можат да се заглават помеѓу забите, а тоа за кралицата би било потполно неприфатливо.

-Нејзините нови чевли секогаш мора да бидат добро разгазени

Извор: Стил.курир.рс