Следната голема серија на Амазон, според најавите ќе биде најскапата во историјата на телевизијата, оставајќи ги зад себе „Круна“ и „Игра на престолот“.
Американската ТВ платформа Амазон за снимањето на првата епизода од серијата „Господарот на прстените“ планира да потроши околу 454 милиони долари, пренесува Холивуд Рипортер.
Изворот потврдува дека се работи за огромен износ, иако тој вклучува и трошоци за лансирање на серијата, која најверојатно ќе има неколку сезони.
Во претходните проценки се спомнувале околу 500 милион долари за производство на неколку сезони, но не биле споменати трошоците од 250 милиони долари само за авторските права.
Снимањето веќе започнало во Нов Зеланд.
-Ова е фантастично! Ова ќе биде најголемата телевизиска серија направена некогаш, рекол за тамошните медиуми Стјуарт Неш, министер за економски развој и туризам на Нов Зеленд.
Се претпоставува дека тој ќе се одвива илјада години пред случувањата на „Господарот на прстените“ и „Хобит“ и гледачите ќе се вратат во времето во кое се ковале големи сили, а кралствата се креваа и паѓаа.
Актерската екипа ја сочинуваат Роберт Арамајо, Назанин Бонијади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.
Извор: Србијаданас.рс