Давид Алаба се договорил со Реал Мадрид – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 3:15 PM

Давид Алаба се договорил со Реал Мадрид

Фудбалерот на сè уште актуелниот владетел на Европа, Давид Алаба, ставил потпис на петгодишен договор со Реал Мадрид, пренесува германски „Sky Sports“.

Австриецот кој ќе игра и против репрезентацијата на Македонија на Европското првенство, во февруари соопшти дека летово ќе го напушти Баерн Минхен и како слободен играч ќе заигра во нова средина.

Играчот од средината во Минхен помина 13 години, а раководните лица на Баварците му понудија договор и заработувачка од 13 милиони фунти по година. Понудата експресно беше одбиена, бидејќи Алаба веќе со мислите се наоѓал на „Сантијаго Бернабеу“.

Покрај Алаба, по финишот на сезоната Баерн ќе го напуштат и Џером Боатенг како слободен агент и сегашниот тренер Ханси Флик, кој ќе ја преземе германската фудбалска репрезентација.

Дајот Упамекано од Лајпциг ќе биде директна замена во централната дефанзивна линија за австрискиот репрезентативец.