Владата донела одлука за изменување и дополнување на промена на мерки и протоколи за спортските протоколи, односно им наложи на сите клубови да имаат уредни ПЦР-тестови пред секој натпревар.
Сезоната во сите спортови ќе продолжи, но играчите ќе мора да прават тестови пред секој официјален натпревар до крајот на сезоната.
Навивачите и натаму ќе имаат забрана да присуствуваат на трибините.
Препораките остануваат исти, со мали промени, кои дополнително ќе ја зголемат безбедноста на сите спортски работници кои присуствуваат на настаните.
Овие трошоци може да го загрозат работењето на клубовите кои и онака за време на пандемијата едвај врзуваат крај со крај.
Фудбалската федерација на Македонија одлучила да ги покрие финансиски сите тестови за екипите од Првата и од Втората фудбалска лига за претстојното коло овој викенд.
И Ракометната федерација на Македонија најави дека сите клубови кои играат во Суперлигата и Првата лига во машка и женска конкуренција, ќе добијат ПЦР-тестови.
Тестирањето ќе треба да се спроведе најмалку 24 часа пред натпревар, а резултатите да бидат веднаш доставени до Ракометната федерација на Македонија (РФМ), но не подоцна од 10:00 часот на денот на одигрување на натпреварот.