Еден се заканувал со моторна пила, други тепале со дрвени палки, кривични за тепачките во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 2:30 PM

Еден се заканувал со моторна пила, други тепале со дрвени палки, кривични за тепачките во Кочани

Кривична пријава заработи кочанец кои што на неколку лица кои што биле во близина на неговата куќа им се заканувал со моторна пила.

„Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(23) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело  „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот на 11.04.2021 околу 19.30 часот во близина на неговата куќа со вклучена моторна пила се заканувал дека ќе ги нападне Н.Н. и уште неколку лица,“ пишува во Полицискиот билтен.

Расчистен е уште еден случај поврзан со инцидентите кои што последователно се случуваа истиот ден во Кочани.

„Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Н.Н.(20) и А.Н.(20) двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавените на 11.04.2021 година околу 20.00 часот на ул.„203“ во Кочани го пресретнале М.В. и физички го нападнале со дрвен предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда констатирана во Општата болница Кочани,“ информираат од Полицијата.

В.Кр