На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот „с.Долно Коњаре“, Oпштина Петровец.
По извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина утврдено е дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина.
Експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња.
Инаку важноста на концесијата, според потпишаниот договор со Министерството за економија е до 13 април 1041 година, но поради непочитување на одредбите утврдено во договорот, тој се раскинува еднострано.
Раскинувањето на договорот за концесијата доаѓа по континуираниот повеќегодишен притисок на локалното население кое користејќи ги сите можни форми на реакција протестираа за да добијат внимание за проблемот со кој се соочуваат.
фото-prt sc
Жителите со години испраќаат дописи до надлежните институции и масовно протестираат со барање да се укине концесијата, поради опасноста од поплави поради неконтролираната експлоатација. Протестите не прекинаа и во време на Пандемијата.
В.Кр
foto-FB