Белгиска државјанка обвинета за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 10:47 AM

Белгиска државјанка обвинета за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против една државјанка на Белгија за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.​​