Стружанката е убиена во домот на пријатели на семејството додека биле на гости – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 7:43 AM

Стружанката е убиена во домот на пријатели на семејството додека биле на гости

По веста од синоќа дека сопруг ја убил сопругата во Струга, а потоа се обидел да се самоубие, Основното јавно обвинителство Струга соопшти дека крвавиот настан се случил додека сопружниците биле на гости кај пријатели. Според првичните сознанија на обвинителството, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на 34-годишната жена.

Струшкото Обвинителство изврши увид, додека по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. О

-Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот, соопшти Обвинителството.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​