Познатата песна на „Бјело дугме“ – „Се согласив да бидам се што сака“ во оригинална верзија не звучи онака како што сите ја знаат и пеат.
Тоа во една прилика го откри нејзиниот автор, Душко Трифуновиќ.
„Јас напишав:
-Се согласив да бидам играчка, да ja продадам душата на мојот ѓавол. Да оставам само црна точка по оваа игра кога ќе ме скршат.
Кога ќе се појави песната – се согласив да биде што сака…“
„Прашав што е ова, а Горан Бреговиќ ми објасни дека Жељко Бебек не прифаќа да биде играчка и дека тој мора да исправи“, раскажал Душко Трифуновиќ.
Како што истакнале тогаш момците од „Бјело дугме“ не сфатиле да биде играчка дека значи да биде составен дел од животот, а сите се играчки кои се занимаваат со уметничка работа.
-И го промени тоа… И ја пеат глупаво целосно, нема рима, нема ништо… А јас се трудев да најдам рима. Но попусто, оди песната во просторот. Сето тоа ми е мене тешко за гледање кога ми ги расипуваат песните поради свои некои потреби“, искрено тогаш раскажал Трифуновиќ. Повеќето и ден денес ја пеат изменетата верзија.
„Се согласив ќе бидам се што сака, ја продавам душата на мојот ѓавол и отавам само црна точка по оваа игра кога ќе ме скршат, кога мирно ќе ме скршат!“.
Извор: Курир.рс